Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска велчи дека на еден оглас имало кандидат кој што во пет минути се почувствувал како припадник на три националности, онака како што се барало за работните места, но тој предмет од Јавното обвинителство бил отфрлен.
“Се обративме до владата со барање да ни се анализа како е спроведен законот до сега, бидејќи во законот има одредби кои што велат дека под тој закон спаѓаат оние лица кои биле вработени до 2019 година и тие имаат право да бидат да се преземаат понатаму во другите органи.
Побаравме и дополнителни информации од Министерството за политички систем како одело доделувањето на вработените лица во други институции, но не добивме одговор и покрај тоа што се обративме со ургенција со преведен текст“, вели Ивановска во синоќешното гостување на Телма.






