Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, во денешното гостување во „Утрински Брифинг“ рече дека во зградата во која се смести ресорот на првиот вицепремиер за политичкисистем Артан Груби требало да се всели ДКСК и Финансова полиција.
Во таа зграда требало, според неа, да се сместат побитни институции кои треба да откриваат корупција и криминал.
„Владата излезе со силна политичка волја, го донесе законот за Комисијата и во тој закон беа утврдени јасно и прецизно надлежностите на Комисијата, меѓутоа и правата на Комисијата во смисла на тоа како таа ќе успева да ги обезбедува податоците итн. Ние за да си ја исполниме улогата треба да имаме одредени можности, не сме само за сликање,“ рече Ивановска.
Ивановска вели дека секогаш кога ќе се сретне со функционерите од власта постојано ѝ е ветувано дека ДКСК наскоро ќе добие свои простории, но никако ветувањето да си го исполнат.
На ЛИНКОТ од Видеото по 6-та минута





