Антикорупциска комисија денеска треба да одлучи дали ќе биде отворен предмет околу сомнежите кој го платил патувањето на децета на премиерот Димитар Ковачевски при неговата неодамнешна работа во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето. 



Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека приватните патувања на членовите на неговото семејство никогаш не биле на товар на Буџетот на Република Македонија.

Ковачевски: Моите деца не патуваат на сметка на државата

„Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

„Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме“, рече Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”. (МИА)