„…зошто сите се изненадуваме кога меѓународната заедница ќе ни даде лоши оценки дотолку повеќе што ние постојано укажуваме на тоа“, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.
„Значи, ДКСК дава препораки, невладините укажуваат, сите укажуваме и тогаш сите се глуви. Сега кога ќе дојде меѓународната заедница да ни ги каже вистинските оценки тогаш наеднаш сите се чудиме.
Ама власта не ги гледа оценките“, изјави Ивановска во емисијата Анализа 24.
„Мене сево ова ми личи на едно мало тврдоглаво дете кое што не сака да послуша ништо што му се кажува. За жал, тоа е зрелоста на нашето општество, ништо повеќе од тоа“.
Ивановска потсети дека холандскиот амбасадор неколку пати отворено кажа дека ова е се до нашиот менталитет, дека човечкиот потенцијал е таков и дека власта се изразува декларативно во борбата против корупција.
Тааа уште потсети дека ДКСК во нејзиниот мандат досега има 50 иницијативи за кривично гонење и уште 50 иницијативи за разрешување на директори и раководители.
„Барем нешто од тоа да се применеше, ќе ја променеше климата во државата“, вели шефицата на ДКСК.







