Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, на денешната прес конференција, истакна дека многу нивни предмети се заглавени во институцитте и дека со месеци чекаат одговори.



Според последната анализа која ја правела ДКСК институциите прифатиле само 30 проценти од нивните препораките, вели Ивановска.

„Клучни препораки и мислења не беа прифатени кои можеби беа и одлучувачки за некои состојби“ додаде таа.

Ивановска, посочи примери, дека Обвинителството се уште не и одговорило на Антикорупциската комисија за иницијативите за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план Ц08 за Холидеј ин, и за лицата од ДИК кои учествувале во тендерот за печатени материјали за гласање.

Антикорупциска чека одговор и од Уставниот суд за оценка на уставноста на законистоста на донесениот закон од јавен интерес со номинирање на стратешки партнер за доизградба на коридорите 8 и 10, пренесе РСЕ.