Директорот АД МЕПСО го злоупотребил дискреционото право кога ја вработил сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши, на оглас впо МЕПСО на кој се пријавиле дури 73 кандидати за тоа работно место.
Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, вели дека ова дискреционо право кое го овозможува Законот за работни односи, треба да биде исклучок, кога се појавуваат двајца или тројца кандиадти кои се исто бодувани и рангирани, а не во овој случај.
„Но од 73 лица да ја одбере токму сестрата е пречекорување на дискреционото право, изјави Ивановска за Телма.
Министерот вчера изјави дека е подготвен да плати казна бидејќи не известил дека се вработил член на неговото семесјтво,н о рече дека не влијаел на изборот во фирмата која е под неговна надлежност и дека не џнаел дека сестра му, се уште се води на негова домашшна адреса.





