Владата треба да биде многу рационална во трошењето на буџетските средства. Ние спроведуваме ваква кампања со поддршка на ИПА проект и Владата знаеше, беа информирани дека ние имаме таква кампања, вели претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска во интервју за Радио слободна Европа.
Меѓутоа нели одговорноста за трошењето на парите е нивна.
Но, сепак мислам дека најдобар пример и најдобра кампања на Владата за борбата против корупцијата е нивниот личен пример и нивните политики што ги водат, така што ниедна кампања, не знам колку пари и да потрошат, не може тоа да го покрие.
Што значи дека лично мислам дека Владата не треба да води такви кампањи.
На прашањето на РСЕ дали Владата покажува личен пример, Ивановска со одговор:
„Е, па тоа јавноста го гледа и го цени, нели“.







