Во своето синоќешното гостување на ТВ Алсат, претседателката на Антикорупциската кмисија, Билјана Ивановска, рече дека Брисел е информиран и ги нотирал проблемите со кои се соочува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
„Она што е кажано во Брисел, а забележано од нивна страна, е дека Извештајот за спроведување на националната стратегија за 2021 година сѐ уште не е разгледан на пленарна седница на Собранието, што не е добро, имајќи предвид дека на 31 март го доставивме Извештајот за 2022 година.
Потоа, дека имаме низок степен на реализација на активностите, што за нив е многу загрижувачко.
Ќе биде уште повеќе бидејќи за 2021 процентот беше 20%, сега е 10%. Тоа покажува дека самата држава, самите институции не се заинтересирани нешто да направат“, рече Ивановска во емисијата „Економски Магазин“.







