Ивановска: ДКСК ќе го гони и Богдановиќ доколку не побара суспензија на планот за „Холидеј Ин“

„Антикорупциската комисија со иницијатива до Јавното обвинителство, бара да се отвори истрага за злоупотреба на службената положба за поранешните градоначалници на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, но и раководителите на секторите за урбанизам од Општината, Градот Скопје и Министерството за транспорт од 2012 година поради парцелата кај „Холидеј Ин“. На дел од просторот во план е да никнат три згради.



Од постапката засега е изземен актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска за ДВ вели дека тој не е опфатен со иницијативата за кривично гонење бидејќи дал предлог до Советот на општината за мораториум, во два наврати. „Ако не даде предлог за суспензија на планот за градба, тогаш и за него ќе се покрене постапка“, вели Ивановска за Дојче Веле.“

Целиот текст на следниот линк: Ивановска за ДВ: ДКСК ќе го гони и Богдановиќ доколку не побара суспензија на планот за „Холидеј Ин“