Екс-претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека со Договорот со Бугарија добива, а Македонија единственото нешто што ќе го добие е самопонижување преку одродување од сопствената историја без која немаме компас за иднината.



„Посочив и предупредив дека актуелната власт се пазари со оние што претендираат да го држат клучот на нашето минато и кои го оспоруваат нашето историско право на постоење и самоопределување“ рече денеска во својот дел од научниот собир во МАНУ , поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Тој истакна дека е невиден преседан, заради политички контекст, политичарите да даваат историско толкувања на фактите.

„Никој нема право и слобода и не е повикан да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само несоодветно туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците.

Со Договорот со Бугарија, власта во Македонија сака да реши едно прашање кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е самопонижување преку одродување од сопствената историја без која немаме компас за иднината.

Предупредив дека ќе посегнат по македонскиот јазик, наместо заштитен, македонскиот јазик е изложен на нападите од оспорувачите кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат пресија врз македонскиот идентитет“, рече Иванов.