Ова со автопатите како ќе заврши, (во затвор или на пијадестал), ќе видиме, засега власта ја вози опозицијата како и куп интелектуалци и куп журналисти уредници по националниве ТВ ко зелени мајмуни на вовчето во Луна парк!!- објави на Фејсбук еден од доајените во македонското новинарство, Зоран Иванов.



Во врска со барањето/инсистирањето на јавноста да се обелодени Договорот за изградба на неколку делници на автопатите во Македонија, Иванов ја подучува власта:

Не се будалете да го откриете договорот со Бехтел и Енка, не им правете ќеиф на скептиците но, сепак, најдете начин да кажете збор, два за тоа како, на кој начин, со која клаузула, се заштитени нашите буџетските пари!!- напиша Иванов.