Иванов: Уставотворци, ум во глава!

Новинарот Зоран Иванов предупредува на, како што вели, „перфидните бугарски обиди“ да изнудат уставните измени кои би ја оствариле/потврдиле бугарската амбиција за „еден народ -две држави.



„Во уставот да влегле како “Македонски Бугари”.

Ако тоа се случи по аналогија би било дека тие граѓани се од некоја “Македонска Бугарија”.

Па, ако нашиве уставотворци испаднат глупави, ете ја бугарската амбиција за “Един народ две држави”.

А просто е: Бугари се Бугари од каде и да се и каде и да се.

Или, Бугарите во Канада, на пример, се “Канадски Бугари”, во Србија, “Српски Бугари”., … .

Затоа, уставотворци, ум во глава, како за сите “дел од … народ, така и за Бугарите!! – предупредува на Фејсбук, Иванов.