Иванов ,сепак, го пречека Радев во Ново Село (ВИДЕО)

Шефот на македонската државата денес сепак се појави во Ново Село, каде му  пожела добредојде на бугарскиот колега Румен Радев, но веднаш замина за Дојран каде попладневно двајцата ќе имаат работна средба.



Бугарскиот претседател во Ново Село им одаде почит на „хероите од 11 Македонска дивизија и загинатите бугарски војници во Балканската и Првата светска војна“, на воениот меморијал, на Денот на бугарската армија.

Бугарски медиуми денеска информираа дека на церемонијата ќе биде присутен и македонскиот претседател.

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан отслужи молитва на гробиштата, а на молитвата присуствуваа и други владици на МПЦ-ОА, јавија бугарски медиуми.