Иванов нема право да помилува, вели Заев

Законски не е можно претседателот да ги помилува осудените за нападот на Собранието на 27 април 2017, вели премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали е можно Ѓорге Иванов на заминување да додели помилувања.



„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов оти не постои такво нешто како законска можност.

Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе.

Парламентот може во иднина да даде такви права на претседателот, но во моментов такво право не постои“, вели Заев, според порталот СДК.