Иванов: Не сме фуснота во нечија туѓа историја

„Современата грчка држава инсистира името Македонија да се употребува само за административната област што се наоѓа во нејзините граници. Бирократите во некои меѓународни организации го бришат името Република Македонија и придавката македонски со еднаква ревност како што тоа го правеле византиските хроничари пред 1000 години“, рече претседателот Ѓорѓе Иванов на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“.



„Ние не сме фуснота во нечија туѓа историја“ рече претседателот.

„Со Договорот од Преспа, вашата академска и образовна дејност ќе ја надгледуваат политичари, дипломати и бирократи кои ревносно ќе ги цензурираат учебниците што вие ги пишувате или од кои вие предавате“, рече претседателот Иванов на првата национална конференција за византологија од Охрид.