Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг на која потврди дека не се спорни македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО.
„Верувам дека вистинското место на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО Алијансата. Ќе продолжам да ги поддржувам нашите стратешки цели. Ho, Европската Унија и НАТО во никој случај не смеат да бидат алиби за лош договор“, порача претседателот Иванов, како што пренесоа од неговиот Кабинет.




