Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот претходник Бранко Црвенковски не присуствуваа на денешното обраќање во Собрание на висока претставничка на Европска унија за надворешни политика и за безбедност, Федерика Могерини, иако биле уредно поканети, јави порталот на албански јазик „Порталб“.
Говорот на шефицата на европската дипломатија го следеа пратениците и од власта на чело со премиерот Зоран Заев, и од опозицијата, претставници на судството и на верските организации, голем број медиуми од Македонија и од регионот.
Во галеријата беа присутни и многу претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и американскиот амбасадор, Џес Бејли.
Ова беше прво обраќање на Могерини во македонското Собрание откога е на оваа функција од ноември 2014 година.





