Уште во март, претседателот Ѓорѓе Иванов го информирал премиерот за кандидатурата на Димитар Богов за уште еден мандат на чело на НБРМ, а и гувернерот откако се согласил за уште еден мандат и лично остварил средба со Заев, соопштија од кабинетот на претседателот.
Иванов за неговиот предлог го известил и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и остварил средби и со други потенцијални кандидати за позицијата гувернер, меѓу кои и со Фатмир Бесими, пренесува ТВ Алфа.
„На сите тие средби, не била посочена ниту една забелешка за работата на актуелниот гувернер, ниту за работата на НБРМ. Напротив, на сите средби преовладувал ставот дека г. Богов заслужува повторна кандидатура и дека е најдоброто решение, кое е потврдено и во извештаите на ЕК. Согласно своите овластувања, претседателот Иванов на 27 април предлогот го достави до Собранието на Република Македонија“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.





