„Нам во Република Македонија ни е неопходно обновување на духот на солидарноста и на социјалната правда.
Затоа, кога се поздравуваме со радосните зборови – Христос се роди – да се потсетиме дека со Христос се роди и надежта за спасението на човештвото преку промената на човековото срце“ вели претседателот Ѓорѓе Иванов во честитката до верниците кои денеска го прославуваат православниот Божик.
Честитики до МПЦ и до верниците упатија и генералниот секратр на СДСМ, Александар Кирацовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.





