Иванов: Ако има пари за автопати, има и за затвори

Новинарот Зоран Ивано се сомнева дека со Законот за амнестија се прави „пазар“ за да се изгласаат уставни измени и за случајот „27 април“



„Нашата доктрина партиско-политичка со децении е да нема култура за заеднички дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

Опозицијата која најави дека ќе го блокира Законот за амнестија од друха страна бараат амнестија за случајот „27 април“. Дали ќе се случи тргување, не знаеме, но можно е да се договорат преку вакво надмудрување. Но, клучно прашање е дали ќе има компромис за Македонија или ќе доцни пола година или 15 години“, вели Иванов.

Вели дека нема информации ни како изгледа законот за амнестија ниту зошто се носи, но смета дека има интерес за некои поединци да бидат ослободени и мириса на тоа, а можеби и некои луѓе од 27 април доволно си ја платиле казната.

„Не држи образложението дека ни се лоши условите во затворите.

Ако правиме автопатишта, можеме да ги средиме и затворите“, вели Иванов во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.