Иван Костов: Претседателот Радев зборува како руски агент…

Поранешниот бугарски премиер Иван Костов смета дека војната во Украина ќе трае долго и доколку не се потигне мир ќе прерасне во конфликт кој врие како меѓу Израел и Палестина. за БНТ.



Костов вели дека војната ќе има влијание и надвор од границите и дека „ништо добро не е на повидок за Бугарија“.

Според него „Претседателот и премиерот не ја убедуваат јавноста дека нашиот став против војната во Украина е точен“.

Тој потсети дека се зборувало дека сакаме да увезуваме гас од Гаспром, што е погрешно.

„Претседателот Радев зборува како руски агент на влијание“, вели Иван Костов.

Според екс-премиерот Бугарија треба да биде поактивна во модернизацијата на армијата, да влезе во еврозоната и Шенген. Војната во Украина ќе биде трка во вооружување. Русија нема никакви шанси технолошки да ја добие оваа војна“, пренесе Њуз.бг