Итно се бара крв за повредените во масакрот во Младеновац

Министерството за здравство апелираше до граѓаните дека се потребни крводарители за ранетите во престрелката што се случи кај Младеновац.



Потребна е крв од сите крвни групи, соопшти Министерството за здравство.

Се повикуваат граѓаните кои се во можност утре наутро од 9 часот да се пријават во Заводот за трансфузија на крв „Свети Сава“.

Да потсетиме, синоќа во Младеновац се случи масовно убиство по дискусија во училиштето. У.Б. (21), бил во училишниот двор со другарите, се скарал а потоа отишол дома од каде земал калашников и го започнал крвавиот пир.