Вонредна седница на владата е најавена за денеска во десет часот во врска со синоќешната трагедијата во тетовска ковид-болница во која во пожарот што избувна загинаа десет пациенти.
По синоќешниот состанок на т.н. кризен штаб по трагедијата, не беа соопштени никакви детали во врска со настанот а премиерот Зоран Заев рече дека нема да има изјави додека институциите не излезат со официјални информации за бројот на жртвите и причините за избувнувањето на пожарот, а истото го повтори и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која рече дека се уште немаат информации од институциите.
За детали околу несреќата граѓани се информираа преку социјалните мрежи каде и беше соопштена бројката од 10 загинати пациенти во пожарот.
Инаку, поради несреќата , денеска се откажани повеќе најавени настани меѓу кои и инаугурација на новиот национален парк Шар Планина, која требаше да се одржи на Попова Шапка.







