ИТН бара затворена седница: Постојат транскрипти од тајни средби на Петков за Македонија

Затворена седница на парламентот за Македонија бара партијата „Има таков марод“ на Слави Трифонов.



Во него, министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска ќе говори за надворешната политика на земјава и за ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Доколку биде закажана ваква средба, Генчовска на пратениците ќе им презентира информации за тајните средби на премиерот Кирил Петков и ќе ги покаже тајните транскрипти од разговорите на Петков на темата, јавуваат медиуми во Бугарија кои не знаат со кого од Македонска страна се среќавал Петков.

Ова синоќа на вонредна прес-конференција го соопшти координаторот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов.

Причината за ова, според Јорданов, е што „Продолжуваме со промената“ на премиерот Петков се обидува да го измести фокусот од темата.

Јорданов рече дека потребните 48 потписи биле собрани за затворена седница оваа недела, но спикерот одбил, јавуваат бугарски медиуми.