Во последите десет години 74.946 македонски граѓани земале државјанство во некоја од земјите во Европа.



Омилени дестинации се Италија, Швајцарија и Германија, покажуваат податоците на Евростат.

Од тоа, вкупно 29.428 македонски граѓани земале италијанско државјанство. Околу 14 илјади тоа го сториле во последните три години, од кои рекордни 6.771 во 2016 година.

По Италија, омилена земја за македонските граѓани биле Швајцарија и Германија каде во последните 10 години се иселиле по 16.935 и 9.333 граѓани.

Во статистиката на Евростат се наведува и податокот дека во 2008 година најголем број државјанства македонските граѓани земале во Бугарија – 3.637, по што нагло се намалува статистичкиот број и се движи од 400 до 200 граѓани, пренесува „Плусинфо“.