Италијански суд осуди 207мафијаши на 2.100 години затвор

Во еден од најголемите случаи против италијанскиот криминален клан „Ндрангета“, кој дејствува во регионот Калабрија, во јужниот дел на земјата, Суд во Италија изрече 207 казни на вкупно 2.100 години затвор , јави Си-Би-Ес њуз



Во случајот беа обвинети се повеќе од 338 лица. Некои од нив беа обвинети дека се членови на организиран криминал, а други дека се нивни соучесници, вклучително и високо платени професионалци. Обвиненијата беа рекетирање, трговија со дрога и кражба, а случајот траеше речиси три години.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека на судиите им биле потребни час и четириесет минути да ги прочитаат пресудите.
Најтешки казни добија Саверио Рационале и Доменико Бонавота, двајца локални водачи на калабриската мафија, кои беа осудени на по 30 години затвор.

Но, обвинителството не изнесе доволно докази во голем број случаи и НАД 100 обвинети беа ослободени.

Обвинителството ја смета Ндрангета за најмоќната мафијашка група во земјата, која лесно ја засени попознатата мафија Коза Ностра која дејствува на Сицилија. Обвинителите велат дека влијанието на Ндрангета се протега низ Европа и пошироко.