Еден од најопасните италијански бегалци е фатен во Грција, откако фотографијата на која го бодри својот омилен фудбалски тим откри каде се наоѓа.
60-годишниот Винченцо Ла Порта беше во бегство 11 години, пред да биде забележан на почетокот на оваа година на фотографија од навивачите кои ја прославуваат титулата на Наполи во Грција.
Она што го изневери е неговата страст за фудбалот и за Наполи“, соопшти полицијата во Неапол, пренесе Би-би-си.
Полицијата тврди дека станува збор за фотографии направени откако фудбалскиот клуб Наполи го освоил првото италијанско првенство по повеќе од три децении.
„Поради освоената шампионска титула, Ла Порта не одолеа да слави“, убедени се во полицијата.
Тој конечно бече уапси во петокот додека се возел со својот мопед на грчкиот остров Крф и моментално е во затвор и чека екстрадиција во Италија.
Ла Порта веќе е осуден во отсуство за криминален заговор, даночно затајување и измама во Италија.
Доколку биде екстрадиран во Италија, му се заканува затворска казна од 14 години и четири месеци.








