Полицијата уапси 37 лица на Сицилија, за кои некои се верува дека се членови на мафија во рамки на истрагата за голема измама со која „извлекувале“ европски пари наменети за земјоделски субвенции, пренесува Гардијан.



При последната истрага во ноември 2022 година беа уапсени 91 лице.

Во периодот од 2010 до 2017 година преку измама примиле над 5 милиони евра за илјадници хектари непостоечко земјиште во источниот дел на Сицилија.

Инспекторите рекоа дека мафијата соработувала со „белите грагњи“, кои ги доближиле криминалците до бирократијата на ЕУ.

Измамниците извршиле и стотици измами против Агеа, италијанска агенција која го финансира земјоделството.

Минатата година започна нова истрага, која се потпира на сведочењето на тројца соработници кои биле дел од мафијашката група Батанези, едно од најстарите мафијашки семејства на островот.

Во новата измама се вклучени повеќе од 150 фирми. Обвиненијата вклучуваат криминална организација, уцена, измама на државата, перење пари и обид за насилство.

Во документите од првичната истрага е забележано дека еден функционер напишал дека честопати е доволен повик од мафијашки бос, за селанецот да ја предаде својата земја.

„Газдата едноставно доволно беше да му се јави на селанецот и – да му ја украде земјата.
Честопати толку се плашеа од самото име на мафијашот, што ја предаваа земјата без воопшто да се обидат да се побунат, толку се плашеа од одмазда“.

На селаните кои одбиле да учествуваат во измамата им била опустошена земјата, убиен добитокот, а на некои дури и им биле запалени куќите.