Властите во Италија вчера ја конфискуваа јахтата „Шахерезада“, но сè уште не е јасно кој може да е сопственик.



Блокираната мега-јахта вредна приближно 700 милиони долари од руските медиуми и руските опозициски активисти ја поврзуваа со рускиот претседател Владимир Путин.

Со досегашната истрага врската не е докажана, са се споменува уште една јахта која наводно е поврзана со Путин.

„Шехерезада“ е под истрага на италијанската финансиска полиција и според италијанското Министерство за финансии, истрагата утврдила „значајни економски и деловни врски меѓу официјалниот сопственик на јахтата и истакнати членови на руската влада“ како и со други субјекти подложени на санкции по руската инвазија на Украина.

Италијанската полиција соопшти дека прави се за да го идентификува вистинскиот сопственик.

Доколку успеат, ќе предложат во листата на санкции да се вметне и вистинскиот сопственик. Дотогаш, јахтата ќе биде „замрзната“.

Јахтата „Шехерезада“ е изградена од германската компанија Luerssen во 2020 година, јахтата долга 140 метри има два хелиодроми, базен и кино.

Од септември минатата година, бродот е закотвен за поправки во бродоградилиштето Марина ди Карара на периферијата на Тоскана.

Во март, капетанот на Шехерезада уверуваше дека сопственикот на бродот, чие име не го именува, не е на списокот со санкции, пишуваше Њујорк Тајмс.