Италијанската влада го поддржува традиционалното семејство, изјави вице-премиерот и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, во врска со промените во водењето на електронскиот идентитет на граѓаните.
Во моментов, граѓанините имаат „Родител 1“ и „Родител 2“.
Салвини наредил тоа да биде отстрането и да се вратат поимите „мајка“ и „татко“.
Така, хомосексуалните двојки нема да бидат родители пред законите на земјата.
„Тоа е мал гест, но јас ќе сторам сé што е дозволено со Уставот“. Владата стои зад традиционалното семејство, кое е заедница на мажот и жената“ вели лидерот на популистичката анти-имигрантска партија „Лига“.





