Туристичка агенција од Болоња нуди пакет аранжман за сите Италијанци кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Србија, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Сопственикот на агенцијата, Умберто Салвадори сам го тестирал системот, ја одбрал вакцината и откако го добил лекот во Белград, неговата агенција понуди пакет од четири дена.
Единствениот услов за патување е лицето да има потврда дека е регистрирано за вакцинација, а Агенцијата обезбедува локални водичи и преведувачи, сместување во хотели и кој сака туристичка тура во Белград.
Цената на четиридневниот пакет за две лица е 500 евра, а тоа вклучува превоз со авион или автомобил, како и тест на ковид пред влегување во Србија.5
Сопственикот на агенцијата тврди дека интересот е огромен…






