Девојче од палермо починало откако го прифатило предизвикот на социјалната мрежа Тик-Ток со стегнување шал или ремен околу вратот, со цел да се онесвести.
Настанот завршил трагично за 10-годишното девојче по што италијанските власти им наложија на администраторите на „ТикТок“, да го блокираат пристапот на корисници, чија возраст не можат да ја потврдат.
Јавното обвинителство од Палермо отвори истрага во врска со овој случај за „поттикнување самоубиство“.
Според условите за користење на „ТикТок“, корисниците мораат да имаат најмалку 13 години.
На кинеската апликација ѝ е забрането да обработува податоци на лица под оваа возраст.





