Италијанското Министерство за образование објави на почетокот на јули европски тендер за три милиони индивидуални клупи, кои треба да пристигнат во училниците до 8 септември, пишува Си-Ен-Ен.
Но, многу италијански области се загрижени дека клупите нема да пристигнат навреме за почетокот на учебната година и ги презедоа работите во свои раце и решија да ги сечат старите дрвени клупи.
„Можеме да користиме дрвени прегради, но најдобро решение е да ги пресечеме клупите“, изјави Аделфио Кардинале, задолжен за училишните области на Сицилија.






