Возило на брза помош директо се судрило со автобус кои пренесувал деца во тунел во градот Урбино, во централна Италија.



Во директниот судир, комбето на итната помош се запалио при што загинале четворица – тројца медицински лица и еден пациент кој бил пренесуван во локалната болница.

Несреќата се случила вчера попладне.

Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќаа од патување.

Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, сите биле во шок. Некои плачеле и ги повикувале своите родители, пренесуваат медиумите.