Италија уапсила имам на македонската ИВЗ за верски радикализам

Имамот Зејнула Садики кој е официјален претставник на Исламската верска заедница во Торино, Италија е приведен и се очекува присилно да се депортира назад во Македонија.



По наредба на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, Садики бил уапсен во неговата куќа во Торино под сомнение дека е опасно лице за италијанската држава.

Според италијанските власти Садики е осомничен дека проповеда радикален ислам, посетувал многу исламски центри, дека соработува и организира логистика за други исламски организации.

Садики ги отфрла сите овие наводи и вели дека е тој како искусен имам има редовна соработка со многу организации.

Имамот вели дека италијанската полиција нема докази за своите обвинувања.

Садики од понеделникот навечер е во Центарот за емигранти во Торино под полициски надзор и очекува да биде вратен во Македонија но вели дека ако во Италија има правда тој наскоро ќе се врати меѓу своите верници во Италија.