Италија става под карантин област со 50.000 жители

Италијанските власти ќе стават под карантин десетина општини на околу 60 километри југоисточно од Милано, каде живеат околу 50.000 луѓе.



Мерката доаѓа по регистрирањето на два смртни случаи.

Шефот на цивилната заштита Ангело Борели рече дека бројот на заразените лица во последните денови се зголеми на 76. Во Ломбардија има 54 случаи, 17 во Венето, два во Емилија-Ромања и еден во Пиемонт.

Министерот за здравство Роберто Сперенца по вонредниот состанок на кабинетот во Рим рече дека задачата е „да се изолира инфекцијата во ограничено подрачје“.
Премиерот Џузепе Конте најави дека полициските сили, или армијата, доколку е потребно, ќе бидат искористени за да спречат напуштање на области што се ставени под карантин.
„Целта е да се заштити здравјето на италијанскиот народ“, рече Конте.
Според билтенот на Светската здравствена организација, нема друга земја во Европа со толку многу случаи на заболување. Во Германија има 16 случаи, 12 во Франција, еден починат и три во Велика Британија.
Бројот на пациенти со коронавирус COVID-19 во Кина порасна на 76.936
Починале 2.442 лица, излечени 22.888 лица …