Министерството за здравство на Италија ѝ дозволи на фудбалската репрезентација на својата земја да ја пречека Македонија пред полни трибини на стадионот „Ренцо Барбера“ на 24 март во Палермо во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар.
Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) веќе продаде 75 проценти од влезниците или 26.000, а сега ќе добие уште 10.000.
Македонија доби 1.500 билети, од кои веќе се продадени над 200.
„Црвено-жолтите“ против „аѕурите“ се очекува да ги бодрат околу 1.000 навивачи.






