Италија ги затвора сите продавници освен аптеките и оние што продаваат намирници за да го ограничи ширењето на пандемијата на коронавирус, објави вчера премиерот Џузепе Конте, цитиран од АФП.



„Баровите, пабовите, рестораните, фризерите и другите услуги ќе бидат затворени. Домашна достава е дозволена “ соопшти Конте на националната телевизија неколку часа откако бројот на починати се искачи на 827 за нешто повеќе од две недели.

Италија регистрираше скоро 60% од сите случаи на коронавирус надвор од Кина. Конте не посочи кога мерките може да бидат укинати.

Италија воведе ограничувања на национално ниво за јавно собирање и патувања што ќе траат до 3 април.