Врховниот суд во Италија донесе пресуда дека е легално одгледување мали количини канабис за домашна употреба, објави Гардијан.
Со закон од 90-те одгледувањето и продажбата на марихуана беше забранет.
Но, Судот одлучи дека кривичното дело за одгледување треба да ги исклучи „малите количини што се одгледуваат дома за исклучива употреба на одгледувачот“.
Иако пресудата беше донесена на 19 декември, таа беше објавена деновива и предизвика повици за понатамошна легализација од едфна страна и револт кај конзервативците.
Останува не јасно колкава количина канабис претставува „мала количина за одгледување“, но пресудата поттекнува од случај каде сторителот поседувал две стебла.





