Италија: Над 70.000 случаи на корона во еден ден

Италија во саботата пријави 70.520 нови случаи на Ковид-19. Ова е помалку од претходниот ден кога беа дијагностицирани 73.212 новозаболени лица.



Стапката на смртност останува висока со 143 починати, во споредба со 202 во петокот, јави ЕУрепортер.

Италија е на второто место во Европа по бројот на жртви од вирусот – 162.609, што ја става на осмото место во светот по бројот на жртви.

Вкупниот број на случаи во земјава од почетокот на пандемијата е 16,1 милион.