Бројот на убиства на жени во Италија е зголемен за речиси 16% во изминатата година, а најголемиот дел од нив се извршени во семејна средина, објави „Гардијан“.
Бројките објавени од Министерството за внатрешни работи во понеделникот покажаа 125 убиства на жени помеѓу 1 август 2021 година и 31 јули 2022 година, во споредба со 108 во истиот период претходната година.

Од таа бројка, 108 од убиствата биле извршени во „домашно-емотивно“ опкружување, при што 68 жени биле убиени од нивниот партнер или поранешен партнер.
Податоците покажуваат дека во Италија во просек на секои три дена се убива по една жена.
Врз основа на податоците од 2018 година во извештајот објавен минатиот ноември од Европскиот институт за родова еднаквост, Италија е на деветтото место од 15 земји на ЕУ по бројот на убиства на жени од страна на партнери или поранешни партнери и на десеттото место по бројот на убиства на жени извршени од роднини.







