Фуриозно отворање на Европското првенство во фудбал за еден од соорганизаторите Италија, која во Рим убедливо ја совлада Турција со 3:0 во групата А.
Осмата победа за „аѕурите“, покрај трите нерешени против Турците, во 11. меѓусебен дуел досега, ја најави автоголот на Мерих Демирал во 53. минута, зголеми Чиро Имобиле во 66. минута, а точка на резултатот стави Лоренцо Инсиње во 79. минута.





