Италија и Бугарија ќе намалуваат број на пратеници, Македонија абер нема

Во Италија и во Бугарија се најавува драстично намалување на бројот на пратеници, за разлика од Македонија, иако таа е (многу) помала и посиромашна од двете членки на Европската унија.



Италија ќе одржи референдум на 20 и 21 септември за редуцирање на бројот на пратениците од 630 на 400 и на сенаторите од 315 на 200.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, најави „ресетирање на државата“ со преполовување на бројот на пратениците во Националното собрание од 240 на 120, а во Големото национално собрание намалување од 400 на 280.

За разлика од 60-милионската Италија и од седуммилионската Бугарија, во двомилионската Македонија, која има 120 пратеници, нема ни најави, а камоли конкретни чекори.

Во Италија еден пратеник доаѓа на 150 илјади жители, во Бугарија на 29.200, а во Македонија на 16.700.

Италија има бруто домашен производ (БДП) од 35.614 американски долари, Бугарија 9.026 долари, а Македонија 5.634.