Премиерот на Италија, Џузепе Конте, нареди затворање на сите производствени капацитети до 3 април, со исклучок на агро-индустриското производство, транспортот и производството на лекови, откако само во вчерашниот ден беше забележан рекорден број од 793 починати од коронавирус.
Конте оцени Италија поминува низ најтешката криза по Втората светска војна и го повика народот на дисциплина, да остане во своите демови, да им верува на институциите , но не и да се создава паника зашто нема да има недостиг од храна.
Инаку бројот на заразените во Италија само за еден дена порасна во однос на претходниот ден за 13,9 проценти.
Речиси 80% отсто од заразените се лица постари од 80 години.
Претседателот на Италија Серџио Матарела изјави дека е десеткувана цела генерација стари лица.





