Зз Италија ќе биде подобро да ја напушти Европската унија, доколку не е во состојба да ги промени приоритетите на европскиот блок, изјави Клаудио Борги, член на владејачката коалиција, на екстремно десничарската „Ла Лига“ и популистичкото движење „Пет ѕвезди“.
Борги е претседавач на Комитетот за буџет во италијанскиот Парламент и советник за економски прашања на-премиерот и на министер за внатрешни работи Матео Салвини.
„Или ќе успееме во менување на [ЕУ], или мораме дајао напуштиме“, изјави тој.
За изборите за Европскиот парламент во мај, Борги вели дека се „последна“ шанса за промена на статус-квото на Унијата, за која тврди дека е „скроена за Германија“ што е „отровно“ за Италија.
Тој смета дека во Унијата треба да биде приоритет „нула невработеност“, а не „нула јавен долг“.
Овој став е во спротивност со официјалната политика на италијанската влада и на премиерот Џузепе Конте кој повторува дека Рим не планира да ја напушти еврозоната и ЕУ, туку бара „да се промени, да се подобри…“.




