ИТ-инженер ја откри „шемата“ на Филипче и на Заев за брзи избори

Македонски ИТ-инженер и програмер со едноставен графикон на кој ги споредува Македонија и Словенија ја открива позадината зад малиот број тестови за коронавирусот преку кој треба да се покаже помал број на заболени за да се одржат брзи избори во јуни како што бара Заев.



“На сликата е прикажано како се движел бројот на тестирани и болни од вирусот на корона, во Словенија и Македонија.

Во Словенија може да видиме дека на почетокот постои голема корелација меѓу тестираните и болните. Бројот на тестирани е висок и бројот на нови болни е висок. Меѓутоа, од почетокот на април и покрај тоа што бројот на тестирани останува висок, бројот на нови болни почнува да се намалува.

Од ова можеме да заклучиме дека Словенија е во прилично напредна фаза од решавањето на проблемот со короната.

Во Македонија, ситуацијата е поинаква. Од графикот гледаме дека постои голема корелација меѓу тестираните и новите болни. Ако бројот на тестирани се зголемува, се зголемува и бројот на нови болни и обратно.

Заклучокот е дека Македонија уште го нема решено проблемот со короната”, објаснува ИТ експертот Стеван Трајковски.

Извор на податоци:
https://www.gov.si/en/topics/coronavirus-disease-covid-19/actual-data/
http://gdi.mk/corona/