ИТ инжинер да ви ја објасни манипулацијата со дупката во буџетот

Прилепчанецот Стеван Трајкоски кој е ИТ инжинер во отсуство на соодветни информации од страна на владата и министерството за финансии дава објаснување како Зоран Заев и Кочо Анѓушев дошле до бројките од 1,3 до 3 милијарди евра дупка во буџетот.



Трајковски открива дека и пред Корона Кризата во јануари и февруари во буџетот имало направена дупка во висина од 70 милиони евра а за март воопшто нема никаква официјална проценка.

За да има дупка од 2 милијарди во буџетот потребно е до декември секој месец државата да прибира само по 100 од 300 милиони евра предвидени средства што е пад од 66 проценти или две третини.

Ваков пад на приходите не предвидува ниту една друга земја на светот.

Целата анализа на Трајкоски:

Со оглед на тоа дека од почетната бројка 1,3 милијарди евра дефицит во буџетот за 2020-та се стигна до 2 милијарди евра, пробав да направам преглед на извршувањето на буџетот и потребните пари. Податоците се од извештајот за извршување на буџетот на Македонија, објавен на 23 март на сајтот на Министерството за финансии.

Во јануари и февруари 2020-та, приходите во буџетот на Македонија изнесувале 15.598 милиони денари (252 милиони евра) и 15,729 милиони денари (254 милиони евра). Расходите во истите месеци изнесувале 16.811 милиони денари (272 милиони евра) и 18.820 милиони денари (304 милиони евра). Разликата во потрошеното (трошоците се поголеми од приходите) се надополнува од задолжувањата (како што е и предвидено).

Ако земеме дека буџетот за 2020-та беше проектиран на 3,9 милијарди евра, тоа значи дека за секој месец се потребни по 325 милиони евра (3900 поделено со 12). Приходите беа проектирани на 3,6 милијарди евра, значи во просек 300 милиони по месец.

Значи за да дојдеме до бројката од 2 милијарди евра, потребно е приходите во буџетот да паднат за две третини. Пресметката е, ни остануваат 10 месеци со по 300 милиони евра (вкупно 3 милијарди), во кои што ќе се собираат по 100 милиони евра (вкупно 1 милијарда) и ќе фалат 2 милијарди.

Или ако земеме дека ќе фалат 1,3 милијарди, значи во просек секој месец би се собирале 170 наместо 300 милиони денари, значи приходите ќе паднат за 43%.

Сето ова е само разгледување сценарија. За да знаеме точно колку се паднати проходите во март, ќе треба да добиеме податоци од УЈП. Со оглед на тоа дека е веќе крај на месецот, податоците би требало да ги добиеме до крајот на оваа недела.

https://www.finance.gov.mk/files/u12/CG%2002.2020%20web%20MK.xls