Изминатата ноќ. малку пред полноќ, било пукано од огнено оружје кај штабот на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) во Охрид, кој е лоциран на улицата „Гоце Делчев“.
Според првите непотврдени инфромации, било пукано од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски таблички.
Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини, кој е и прв човек на ДУИ во Охрид, се додава во информацијата.





