Истражување на „360 степени“ покажува дека условната казна, како во случајот изречената за сообраќајката со две жртви кај „Млечен ресторан“, многу често се пресудува при сообраќајки со смртен исход.



Со истражувањето биле опфатени 14 пресуди за сообраќајни незгоди по случаен избор од судската интернет архива: Во сите пресуди обвинението е за истото кривично дело како и во случајот со „Млечен“, а обвинетиот/обвинетата признале вина, открива тимот на „360 степени“.

Само во 5 случаи е изречена затворска казна и тоа највисоката е една година зад решетки.

Пресудите се поделени на две групи според една клучна околност – дали за сообраќајката со смртоносни последици бил виновен само обвинетиот или удел во несреќата имал и починатиот.

Од седумте случаи во кои барем мала вина имал и загинатиот, на пример пешак кој се движел по коловоз, обвинетиот возач бил казнет со затворска казна само во еден случај. Сите други се условни осуди.

Целото истражување на „360 степени“.