Доколку не одговори на поканата од основното јавно обвинителство во Скопје директорот на ДБКИ (Дирекција за Безбедност на Класифицирани Информации) Стојан Славески ќе биде стражарно приведен.
Славески како кадар на ЛДП е шеф на една од најважните безбедносни служби која издава сертификати за вработени на важни државни, безбедносни и дипломатски функции.
Скандалот со Славески вчера го обелодени полковникот Драган Ковачки, сега член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој откри дека против директорот на ДБКИ се води истрага и го објави документот на ЈО.
Според поканата од обвинителството го повикуваат Славески да се јави на 13 септември на распит но во текстот пишува дека ако не се јави или ако не го оправда отсуството ќе биде приведен и за тоа ќе треба да плати сам.

Славески во поканата е дефиниран како повикано лице но контекстот на случајот и досегашната практика покажува дека тој многу лесно може да стане осомничено или обвинето лице во другата фаза од истрагата.
Славески важи за човек на министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Горан Милевски но и близок на шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски кој е кадар на СДСМ.
Именуван е од владата на Зоран Заев но не е сменет од Ковачевски што укажува дека тие имаат блиски односи а премиерот полна доверба во него.

Поврзана вест
Шеф на важна безбедносна служба обвинет дека барал мито за дипломатски безбедносни сертификати
Последна вест
Член на владата лажел седумгодишен генијалец со најмакедонско име
Една голема нула – Ветената помош од државата за малиот генијалец Македон била само фарса






